Breeze – веганска постелнина изработена од еукалиптус и природни бои

166

Компанијата за постелнина, Buffy со седиште во Њујорк, за да ги обои своите прекривки изработени од еукалиптус користи природни бои, мешавина од растенија, зачини и овошје.

Колекцијата веганска постелнина, под името Breeze, се состои од јорганска прекривка, чаршави и навлаки за перници коишто ги има во две сиви варијанти.

Нивните бои се добиени од комбинација на калинка, еукалиптус и чај, пишува Dezeen. Другата “румена“ опција е нијанса креирана од куркума, гарденија и орев.

За да ги создаде производите, компанијата соработува со експерти за природни бои од Сиетл. Постелнината на Buffy е обоена со помош на техника за бојадисување, којашто користи звучни бранови за да “навлезе“ во текстилот.

Според брендот овој процес, којшто е креиран за прв пат во 1941 година, е многу побезбеден и за вработените. Компанијата планира да претстави и нијанси на сино добиени од индиго, роза и шафран.

Buffy брендот е идеја на Лео Ванг, чиешто семејство изработува текстил во Кина со децении.

Фото: Buffy