Брегзит ќе го забрза воведувањето на еврото во осум земји членки на ЕУ?

39

evra

Откако Велика Британија одлучи да ја напушти Европската унија, осум земји членки на Унијата коишто сè уште не го користат еврото како официјално средство за плаќање, можеби ќе мораат итно да ја воведат заедничката европска валута, пишува Индекс, повикувајќи се на британски Daily Express.

Наводно Жан Клод Јункер би можел да им наметне ултиматум на Хрватска, Бугарија, Данска, Шведска, Чешка, Унгарија, Полска и Романија. По Брегзит, тој сака што побрзо да ги поврзе сите земји членки на ЕУ со заедничка валута, за ЕУ да стане монетарна унија во целина.

И германскиот Frankfurter Allgemeine Zeitung наведува дека по Брегзит ќе се забрзаат плановите за довршување на монетарната унија, пишува Индекс.