Актери, пејачи, познати медиумски лица… сите овие луѓе се под будното око на јавноста поради професијата што ја работат. Го привлекуваат вниманието на себе кога и каде да се појават. Од таа причина, многу брендови решаваат во своите рекламни кампањи да вклучат познати лица и на тој начин да го доближат својот производ или услуга до крајните потрошувачи.
Се верува дека при изборот на јавната личност треба да се обрне посебно внимание. Тоа е така бидејќи познатата ѕвезда, нејзиното минато, однесување, карактер и сето она што јавноста го врзува за личноста ќе се рефлектира и врз рекламирање на брендот. Затоа, би било идеално компанијата да пронајде позната личност која искрено го користи тој производ, за да може и полесно да го пренесе на своите фанови и пошироката публика.
Важно е познатата личност да се поистовети со производот или услугата што ја рекламира, а будното око на јавноста ќе ја следи во чекор за да забележи дали навистина е врзана и го користи она што го рекламира.
На пример, козметички бренд би требало да одбере заштитно познато лице што веќе е познато во јавноста како личност што води сметка за својот изглед, сака да се шминка и да изгледа убаво и средено.
Се претпоставува дека:
- актерот Џорџ Клуни за рекламирање на Nespress заработил 60 милиони долари, познатата пејачка Бијонсе за рекламирање на Pepsi заработила 50 милиони долари,
- кошаркарот Мајкл Џордан за рекламирање на Nike Air Jordan заработи 60 милиони долари,
- актерката Шарлиз Терон за рекламирање на Dior заработи 65 милиони долари,
- поранешниот фудбалер Дејвид Бекам за рекламирање на Adidas заработил 160 милиони долари
- актерката Софија Вергара за рекламирање на Head and Shoulders заработи 40 милиони долари
- диџејот Тиесто за пијалакот 7Up од рекламирање најверојатно заработи 30 милиони долари…
Фото: Pexels