Брендот Adria Airways го купи бизнисмен од ОАЕ

64

Муниф Тармум, бизнисмен и инвеститор од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), го купи словенечкиот бренд Adria Airways.

Ex Yu Aviation наведува дека Тармум имал различни раководни позиции и е ко-основач на Abu Dhabi Equity Partners Fonda. Тој е жител на Обединетото Кралство и  има диплома за деловни студии од Универзитетот Middlesex.

Покрај името на брендот, пакетот вклучува три различни логоа, како и веб-домените adria.si, flyadria.si, adria-airways.si, afs.si, adria-airways.com, adria.ba, adria. mk и adriaairways.me.

Неговиот мотив за купување на брендот е непознат. Инаку, девет понудувачи одговорија на јавната покана да достават обврзувачка понуда за купување на марката Adria на почетокот на оваа година, меѓу кои четворица од странство.

Словенечката авиокомпанија Adria Airways згасна на 30 септември 2019 годинa.

Фото: Pixabay