Брендот кој беше симбол на Словенија продаден по цена на гарсоњера

103

Брендот на словенечкиот авиопревозник Adria Airways е продаден на понудувач од странство за околу 33.000 евра нето, изјави стечајниот управник, Јанез Пустатичник.

“Името на купувачот не е обелоденето. Девет понудувачи одговорија на јавната покана да достават обврзувачка понуда, вклучително и четворица од странство“, рече Пустатичник.

Тој потсети дека на првата покана за доставување обврзувачка понуда, кога бараната цена била утврдена на 100.000 евра, само еден понудувач го платил депозитот, но не успеал да достави понуда, а на вториот повик, кога цената се преполови 50.000 евра немаше изразен интерес на инвеститори.

Фото: Facebook