
Цените на „црното злато“ достигнаа највисоки нивоа за шест недели. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент се зголеми утрово за на 96,60 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми на 88,49 долари.
Доларот ослабе
Сепак, на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути малку падна по два дена раст.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, утрово е околу 101,05 поени, додека вчера во ова време беше 101,20 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 163,15 на 163,10 јени.
Американската валута исто така ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1420 долари, додека вчера во ова време беше 1,1405 долари.











