Бришење на Скопски пазар од Листата за набљудување

19

Македонска берза информира дека на 26.01.2021 година Берзата изврши бришење на издавачот Скопски пазар АД Скопје од Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена јавната понуда за преземање на друштвото од страна на преземачите Современ дом АД Прилеп и ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје.

Скопски пазар АД Скопје беше внесен на 14.01.2021 година на Листата на набљудување согласно 61-а од Правилата за котација, поради објавена јавна понуда за преземање на друштвото од страна на преземачите Современ дом АД Прилеп и ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје.