Велика Британија ќе инвестира 1,6 милијарди долари за развивање на суперкомпјутер што ќе прави прецизна временска прогноза.
Новиот суперкомпјутер ќе го користи државниот метеоролошки завод за предвидување на бури, одбирање на најпогодни области за одбрана од поплави и предвидување на глобални климатски промени.
На аеродромите тоа ќе овозможи подобро предвидување на временските непогоди, додека енергетскиот сектор прецизните податоци ќе ги користи за спречување на прекини на струја и осцилации во напон.
Новиот суперкомпјутер, велат од владата, ќе ја зголеми својата компјутерска способност за шест пати во првата фаза.
Фото: Pixabay