Британците потрошиле над девет милијарди фунти на музика, филмови и видео игри

43

За време на карантинот поради пандемијата, Британците трошеле многу повеќе пари на слушање музика, гледање филмови и телевизиски серии, како и на видео игри. Британците на овие активности потрошиле 18,3% повеќе во однос на 2019 година или 9,3 милијарди фунти.

Здружението на трговци од оваа дејност укажуваат на тоа дека потрошувачката посебно е зголемена за време на втората фаза од рестриктивните мерки во Велика Британија, пренесува Sky News.

Аналитичарите сметаат дека потрошувачката би била зголемена и да немаше карантин, но музиката, филмовите и видео игрите имаат поголема експанзија за време на пандемија.

Најголем пораст има кај услугите што ги нудат: Netflix, Disney Plus и Amazon Prime Video. Вкупната потрошувачка се зголеми за 39,7% и достигна 2,9 милијарди фунти. Но, и понатаму најголем пораст на приходите имаат продавачите на видео игри. Во однос на 2019 година, потрошувачката на видео игри се зголеми за 17,9%. Во исто време, намалена е побарувачката за DVD и Blue Ray дискови и тоа за над 25%.

Фото: Pexels