Британците се откажуваат од летување за да одат на одмор во октомври

50

Британците сè повеќе се откажуваат од летниот одмор и ги резервираат есенските термини поради неизвесноста поврзана со меѓународните патувања.

Од туристичката компанија Thomas Cook велат дека есенските резервации им се за 50% повисоки од вообичаено, а луксузниот тур оператор Kuoni наведува дека купувачите “ја чекаат првата половина на октомври“.

Меѓу најпопуларните дестинации, како што пренесува ВВС, се Грција и Карибите. Грција е меѓу најпопуларните одредишта за есенски одмор, а Родос е меѓу најбараните острови, додека по него следат Крит, Санторини и Миконос. Меѓу далечните дестинации што се најпопуларните кај Британците се Малдиви, Кариби, Барбадос и Антигва.

Некои од Британците стравуваат дека цените ќе пораснат поради намален број на земји што се отворени за туристи.

Британските власти планираат да овозможат меѓународни патувања од 17-ти мај, со мапа на земји обоени во различни бои во зависност од епидемиолошката слика, степен на вакцинирање на населението и преваленција на мутациите од вирусот.

Според туристичките работници, голем број од Британците би сакале да одат на одмор во јули или август, а “една недела на сонце на Медитеранот“ по завршување на летната сезона.

Фото: Pexels