Британија добива центар за вакцинирање што ќе работи 24 часа

27

Британскиот премиер, Борис Џонсон најави дека во земјата наскоро ќе биде отворен 24-часовен центар за вакцинација за да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе.

Џонсон рекол дека британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, за брзо време ќе ги открие сите планови во врска со тој центар. Засега е одложено неговото отворање поради ограничената дистрибуција со вакцини.

Во Велика Британија во овој момент вакцинацијата се врши во 233 болници, 1.000 ординации по општа пракса, 200 аптеи и 50 центри за масовно вакцинирање.

Британската влада планира до 15-ти февруари да понуди можност за вакцинирање на корисници на домови за стари лица, луѓе постари од 80 години и здравствени работници.

Досега во Велика Британија се вакцинирани околу 2,4 милиони луѓе.

Фото: Freepik