Британскиот премиер, Борис Џонсон, следната недела планира да објави забрана за продажба на нови автомобили на бензин и дизел погон од 2030 година, пет години порано од претходно планираното, пишува Financial Times.
Велика Британија првично планираше да забрани продажба на возила на бензин и дизел погон од 2040 година, во рамки на напорите за намалување на штетното загадување на воздухот, а во февруари Џонсон тој рок го помести на 2035 година.
Весникот, повикувајќи се на неименувани извори од авиоиндустријата и владата, наведува дека премиерот сега планира тој рок повторно да го помести на 2030 година. Новиот рок не би требало да се однесува на хибридните автомобили и дека тие може да се продаваат до 2035 година.
Фото: Freepik