Британија прва по рекламирање на интернет преку мобилни уреди

47

mob reklamiБританските огласувачи потрошиле 36,35 долари по корисник на мобилен интернет во 2012 година, што е рекорд на светскиот пазар, според eMarketer. На второ место е Норвешка со 35,71 долар по корисник. САД е на трето со 31,50 долари, Данска на четврто со 28,64, додека во Јапонија, вториот по големина светски пазар на мобилно огласување, таа цифра изнесува 26,23 долари.

Кога станува збор за вкупното медиумско рекламирање по лице, Норвешка е на прво место со 614,99 долари, а потоа следуваат Австралија со 535,01 долар, САД 524,75, Шведска 431,19, Данска 427,17, Јапонија 370,95 долари.

Кога е во прашање потрошувачката за таргетирање на интернет корисници, сличен е соодносот на сили, па така во Норвешка дигитално огласување на интернет по корисник изнесува 250,21 долар.

Велика Британија со 187,96 долари за дигитално огласување по корисник го надмина САД, каде таа сума е 155,15 долари.