Британска компанија што печати пари за 140 земји пред колапс

26

Британската компанија De La Rue, којашто ги печати британските банкноти, стравува дека е пред колапс, пишува BBC.

Предупредувањето на компанијата доаѓа доколку се реализира “најлошото можно“ сценарио. Оттаму велат дека постои “материјална несигурност што предвидува значаен сомнеж дека групацијата може да остане оперативна“.

De La Rue е компанија што печати пари за околу 140 централни банки и вработува повеќе од 2.500 лица на глобално ниво.

Компанијата се соочува со финансиска криза особено откако Венецуела не го подмири својот долг од 23 милиони долари.

Фото: Pixabay