Британската централна банка го испитува теренот за негативни каматни стапки

25

Британската централна, банка Bank of England испрати писмо до банките во Велика Британија за да утврдат дали се подготвени за можно намалување на каматните стапки на нула или во негатива.

Со намалување на каматните стапки на толку ниско ниво, Велика Британија ќе го следи примерот на централните банки во Јапонија и Швајцарија, потсетува BBC.

“Бараме конкретни информации за моменталната подготвеност на вашата компанија“, нагласи вицегувернерот на Bank of England, Сем Вудс, во писмото до банките.

Bank of England во март ги намали основните каматни стапки на историски најниско ниво од 0,1%.

Фото: Pixabay