Британската кралица даде зелено светло за Brexit

26

Британската кралица Елизабета Втора даде зелено светло за законот за Brexit, неколку дена пред официјалното излегување на Велика Британија од Европската унија, соопштија властите во Лондон.

“Нејзиното величество даде кралско одобрение“, напиша на Twitter, Стив Баркли, кој е министер задолжен за Brexit. Тој го напиша овој твит за текстот со којшто се регулираат условите за излез на земјата по 47 години членство во ЕУ.

Со ова, Велика Британија може да ја напушти ЕУ на 31-ви јануари.

Договорот за повлекување треба на 29-ти јануари да го ратификува Европскиот парламент за да може Велика Британија да стане првата земја којашто ќе ја напушти Унијата точно на полноќ на 31-ви јануари.

Фото: Pexels