Британската кралица Елизабета Втора ги одликувала научниците од Оксфорд кои развиле вакцина против коронавирус во соработка со британско – шведската компанија AstraZeneca.
Покрај нив, одликувани се голем број луѓе кои имале клучна улога во одговорот на Велика Британија во однос на пандемијата.
Сара Гилберт, научничка од Институтот во Оксфорд, која учествувала во развивање на вакцини, ќе ја добие титулата дама, додека нејзиниот колега, директорот на Институтот, Адријан Хил ќе стане витез.
Меѓу одликуваните е и Кејт Бингем, шефица на владиниот тим за вакцинирање, но и фудбалерите на Велика Британија, Џордан Хендерсон и Рахим Стерлинг, кои таа чест ја добија поради хуманитарната работа и борба за расна еднаквост во спортот.
Фото: Facebook