
Британските даночни обврзници изгубија 400 милиони фунти откако пропаднаа повеќе од 300 стартап компании кои беа поддржани со 1,14 милијарди фунти јавни пари од фондот на поранешниот премиер и министер за финансии Риши Сунак.
Според најновиот годишен извештај на Британското Министерство за бизнис и трговија, од вкупно 1.190 компании кои ја добија поддршката од Фондот за иднината (Fund Future), 334 од нив банкротираа, што ја намали вредноста на фондот на 609 милиони фунти во март оваа година.
Британската бизнис банка, која ја управуваше шемата, тврди дека реалната вредност е поблиску до 736 милиони фунти поради приносите и приходите од преостанатите инвестиции.











