Britax Romer повлекува од продажба детски седишта за во автомобил

99

baby-617411_960_720

Фото: Pexels

Британскиот производителот на детски седишта за во автомобил Britax Romer, повлекува од употреба свој производ поради безбедносни причини, пренесува Independent.

Компанијата го повлекува моделот DUALFIX поради можен проблем со една од компонентите на седиштето. DUALFIX се продава како соодветно седиште за бебиња и за деца до четири годишна возраст.

Станува збор за седишта продадени помеѓу трети ноември 2017 и 22-ри март 2018 година.

Од Britax Romer велат дека ги повлекуваат седиштата поради резултатите коишто не ги исполниле нивните стандарди за безбедност од редовните испитувања на усогласеноста на производството.