Авионите на British Airways наскоро ќе се движат благодарение на гориво добиено од комунален отпад. Овој проект, што претходно беше одложуван, ќе биде лоциран во областа Трурок, пренесува британски The Guardian.
Проектот GreenSky, како што се наведува, освен заштита на животната средина, ќе има и економски бенефит бидејќи ќе отвори најмалку 150 работни места.
GreenSky е прв од ваков вид во светски рамки што има за цел конвертирање на отпадот од депониите во авионско гориво.
“Нашиот најголем стремеж е да го намалиме нашето влијание врз климатските промени и овој проект, прв од ваков тип, е значаен чекор за авионската индустрија“, истакна Вили Волш, главен извршен директор на British Airways.
Производството на ова еколошко гориво, за што ќе биде потребен комунален отпад и неколку развиени методи, се предвидува да започне во 2015-та година.