British Airways ќе суспендира 36.000 вработени

31

British Airways размислува привремено да отпушти 36.000 вработени, пренесува BBC.

Авиокомпанијата постигнала договор со индустрискиот синдикат Unite union, којшто значи суспендирање на работните места за околу 80% од кабинскиот, персоналот на земја, инженерите и службениците во централата на овој воздушен превозник.

Разговорите со синдикатот сè уште траат.

British Airways на 31 март соопшти дека привремено ги запира сите свои летови од лондонскиот аеродром Gatwick поради пандемијата од коронавирусот.

На 23 март во Велика Британија беше воведен карантин.

Фото: Pixabay