British Airways по 10 години се враќа на линијата Загреб – Лондон

22

По скоро 10 години, британската авиокомпанија British Airways повторно лета на директната линија Загреб – Лондон. Секојдневно, авионите од типот Ербас А319/А320 ќе ја поврзуваат британската метропола со хрватскиот главен град.

Новата линија ќе пружи директна секојдневна врска меѓу Загреб и Лондон и ќе им овозможи на деловните и туристичките патници од двете земји полесно да ги планираат своите деловни патувања и одмори.

Тоа на патниците од Загреб за Лондон ќе им овозможи пристап до глобалната патничка мрежа на British Airways и нивните партнери од главниот аеродром Хитроу кон преку 500 дестинации ширум светот.