Бројот на патници на македонските аеродроми зголемен за 22,5%

21

Од месец јануари заклучно со месец јули 2016 година, од двата аеродрома во Република Македонија, аеродромот Александар Велики во Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, споредено со 2015 година бројката на превезени патници е зголемена за 22,5%, односно превезени се 1.008.435 патници.

На аеродромот Александар Велики во Скопје, во периодот од јануари до јули 2016 година регистрирани се вкупно 933.130 патници, што во споредба со истиот период од минатата година кога биле превезени 775.177 патници, се забележува зголемување од 20,4%.

На аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, за периодот од јануари  заклучно со јули 2016 година, превезени се 75.305 патници или зголемување од 55,9%, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Согласно реализација на сообраќајот, најзастапени дестинации според бројот на патници за овој период се Минхен, Келн, Рим, Гетеборг, Љубљана и Франкфурт.