Бројот на работници во индустријата повисок за 10,4%

46

Бројот на работници во индустријата во септември оваа година, во однос на истиот период лани, бележи зголемување од 10,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, бележи опаѓање од 2,8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12,5% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,3%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8,2%, Капитални производи за 111%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,3% и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4,6%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2014 година, во однос
на периодот јануари – септември 2013 година, бележи пораст од 7,7%.