Бројот на работници во индустријата во април оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 7,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – април оваа година, во однос на истиот период лани, бележи зголемување од 6,9%.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2014 година, во однос на април 2013 година, бележи опаѓање од 1,9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,8%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2014 година, во однос на април 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,5%, Капитални производи за 92,2%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,1%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4%.