Бројот на работници во индустријата зголемен за 7,4%

13

Бројот на работниците во индустријата во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 7,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, бележи пораст од 0,6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,8%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,1%, Капитални производи за 99,7%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 8,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,5%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4,2%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2014 година, во однос на периодот јануари – јуни 2013 година, изнесува 107.0.