Бројот на странски туристи во Шпанија во април 91% помалку одошто во 2019 година

18

Бројот на странски туристи што ја посетија Шпанија во април изнесуваше 630.457, во однос на скоро нула од април минатата година кога земјата беше под строг карантин, објави шпанскиот завод за статистика.

Бројот на странски туристи е за 91% помалку одошто во април 2019 година, како последица од ограничувањата што е на сила во врска со патувањата, пренесува Ројтерс.

Странските туристи потрошија вкупно 671 милиони евра во април, што е за 90% помалку одошто во истиот период во 2019 година.

Фото: Pexels