Бројот на туристи намален за 66,6% во ноември

68

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2020 година изнесува 21.516, а бројот на ноќевањата изнесува 48.182.

Бројот на туристите во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, е намален за 66,6%, а бројот на ноќевањата е намален за 64,5%.

Бројот на домашните туристи во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, е намален за 24,9%, а бројот на странските туристи е намален за 87,3%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, е намален за 34%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 84%.

Во периодот јануари ‒ ноември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 61,2% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 20,3%, а кај странските има намалување за 84,4%.

Во периодот јануари ‒ ноември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 47,9% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 14,7%, а кај странските има намалување за 84,1%.

Фото: Freepik