Бројот на туристи во мај зголемен за 7,4%

11

Бројот на туристи во мај оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 7,4%, а бројот на ноќевања е намален за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во мај 2015 година изнесува 82.084, а бројот на ноќевањата изнесува 170.943.

Бројот на домашните туристи во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, е намален за 2,8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 12,6%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, е намален за 9,2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 5,8%.

Во периодот јануари – мај 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8,3% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 6%, а кај странските има зголемување за 17%.

Во периодот јануари – мај 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 1,7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 9,9%, а кај странските има зголемување за 10,6%.