
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на 14-тата седница донесе Решение со коешто се дава согласност Стефан Степаноски да биде именуван за директор на брокерската куќа Еурохаус АД Скопје.
Согласно Одлуките на Собранието на акционери и на Одборот на директори на брокерската куќа, мандатот на Степаноски му е до четврти октомври 2022 година. Степаноски е прв пат на оваа функција и доаѓа на местото на досегашниот извршен директор на Еурохаус, Сашо Дракулoвски.
На седницата што се одржа на осми ноември, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија издаде две дозволи за работење на брокер и една лиценца за инвестициски советник.













