Брошура за задолжителни информации на прехранбените производи

27

brosura-opm

Фото: ОПМ

Организацијата на потрошувачи на Македонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство изработи брошура за информациите поврзани со храна.

“Целта на означувањето на храната, односно информациите поврзани со храната, е да им се овозможи на потрошувачите да добијат клучни информации за природата и карактеристиките на храната што ќе им помогне во вистинскиот избор на храната што ја купуваат. Најважно правило е дека означувањето, презентирањето и рекламирањето на храната (вклучувајќи го и нејзиниот облик, изглед или пакување) не смее да го доведе во заблуда потрошувачот“, стои во соопштението на Организацијата на потрошувачи.

Во брошурата ги има сите информации што се задолжителни на прехранбените производи и дава насоки како потрошувачите треба да постапат доколку забележат недоследности во означување на производите.