Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 66,5% во бруто домашната потрошувачка

11

Бруто домашното производство на електрична енергија во септември оваа година учествува со 66,5% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,4% од вкупната потрошувачка на јаглен, се употреби за производство на електрична енергија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 579.405 МWh електрична енергија, 3.307 мил. nm3 природен гас, 482.522 тони јаглен и 75.363 тони нафтени продукти.