Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 79.0 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија

26
Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2024 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 576 974 МWh електрична енергија, 22.692 мил. нм3 природен гас, 454 378 тони јаглен и 81 059 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 79.0 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 98.1 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична
енергија.