Бруто платата 30.756 денари во март

22

denari

Просечната исплатена месечна бруто плата во март оваа година е 30.756 денари, додека во нето износ таа е 21.007 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната бруто плата во март оваа година во однос на истиот период лани бележи намалување од 1,4%.

Ваквото намалување се должи, пред се, на намалувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации за 26,2%, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 3,4% и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 2,3%.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство за 4,6%, Рударство и вадење на камен за 4,1% и Други услужни дејности за 3,8%.

Намалување од 1,3% има и кај исплатената нето плата во март оваа година во однос на истиот период лани.

Ваквото намалување се должи, пред сé, на намалувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации за 28,6%, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна аа 3,6% и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 2,1%.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 5,2%, Земјоделство, шумарство и рибарство за 4,8% и Други услужни дејности за 3,5%.

Во март 2014 година, 1,4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.