Буџет на ЕУ: Дополнителни 16 милијарди евра за клучни програми

23
Person waving the flag of European Union

По 10 недели интензивни преговори, Европскиот парламент и Советот, постигнаа компромис за Повеќегодишната финансиска рамка, седумгодишен буџет од 2021-ва до 2027-ма година, што предвидува дополнителни 16 милијарди евра за клучни програми, пренесува Хина.

Преговарачи од Европскиот парламент истакнуваат дека успеале да обезбедат дополнителни 16 милијарди евра, од кои 15 милијарди ќе бидат наменети за зајакнување на клучните европски програми, а милијарда евра се наменети за идни кризи и потреби.

Овие 16 милијарди евра ќе се соберат од наплата на казни што Комисијата им ги одредува на компаниите поради кршење на правилата за пазарна конкуренција.

Фото: Freepik