Буџетот за 2014 проектиран на 2,7 милијарди евра

49

evra-kupcinja-5-10-50-620x320Владата на Република Македонија синоќа го утврди предлог буџетот за 2014 година, кој се предвидува да тежи 170 милијарди денари (2,7 милијарди евра), што е приближни исто на проекциите за тековната година.

Премиерот Никола Груевски во своето обраќањето пред бизнис заедницата откри неколку клучни параметри од буџетот, дека истиот е базиран на стапка на економски раст од 3,2%, инфлацијата  е проектирана на 3,3%, буџетскиот дефицит на 3,5% од БДП.

Со буџетот се планира од март 2014 година зголемување на пензиите и социјалната помош за 5%, а за ист проценти ќе се покачат платите во државниот сектор од октомври истата година.

Како што изјави Груевски на обраќањето, во буџетот за 2014 година се предвидува зголемување на капиталните расходи – за инвестиции, градби, патишта, улици, водоводи, канализациски системи.