Будва: Кој ќе гради хотел од висока категорија, нема да плаќа комуналии

62

budvaОпштина Будва, Црна Гора, ќе воведе стимулативна мерка за сите оние што ќе решат да градат туристички капацитети. Откако пред година ипол воведе инвеститорите што градат хотели со четири и пет ѕвездички да плаќаат 30 евра по квадрат за комуналии, дури четири пати помалку отколку за становите на пазарот, градоначалникот Лазар Раѓеновиќ најави дека со новата одлука тој износ ќе биде сведен на нула евра.

На тој начин локалната управа сака да ги фаворизира мештаните што сакаат да градат или реконструираат капацитети во прватно сместување, вели градоначалникот.

“За нив комуналиите, како и за хотелите од висока категорија, ќе им бидат на ниво нула, со прецизирање на јасен модел дали капацитетите ќе бидат исклучиво во служба на туризмот”, вели Раѓеновиќ, пишува Побједа.

Општината ја разгледува можноста да ги стимулира граѓаните на Будва кои имаат хотелски капацитети и приватно сместување што не е легализирано, но не преку ослободување од плаќање на комуналии, туку со одредени стимуланси, за да ги воведат во легалните токови.