Бугарија: 3,5% од возрасните се претприемачи

36

bg

“Првото нешто што треба да го направи еден претприемач е да создаде мрежа на контакти со други претприемачи и да го сподели нивното искуство, за да знае како да стигне до инвеститори”, вели проф. Димо Димов од University of Bath за Bloomberg TV Bulgaria.

Според него, околу 11% од возрасните луѓе во Велика Британија, САД или Естонија се во процес на развој на бизнис, додека во Бугарија нивото на претприемништво достигнува 3,5%. Тоа значи дека 1 на секој 30-ти човек е во процес на развој на бизнис, вели Димов.

Како што вели професорот, во последните неколку години се забележува промена во начинот на проценка и управување со ризикот. Луѓето веќе сфаќаат дека во процесот на развој на даден бизнис има еден главен момент – развој на бизнис модел, преку кој може да се утврди дали има основа за развој на бизнис.