Бугарија: 51% од малите и средни фирми не користат кредити

20

evraВо Бугарија, 51% од малите и средни фирми не користат никакво банкарско финансирање. Ваквата претпазливост на компаниите продолжува веќе втора година по ред, покажува годишната анкета на порталот Моите пари за ставот на малите фирми кон кредитите, пренесува Сега.

Овие компании, за да се развиваат, се потпираат на сопствени средства или на добивката. Дел од нив, 23%, никогаш не аплицирале за заем.

Секоја петта компанија зема заем за обртни средства. Повеќето кредити се движат во опсег до 10.000 евра. Скоро половина од фирмите сметаат дека бизнис кредитите се скапи или многу скапи.

Позитивен тренд, кој се издвојува во последната година, е зголемениот интерес кон еврофинансирањето. Минатата година околу 20% од фирмите се интересирале за фондовите на ЕУ, додека оваа година 38% одговориле дека имаат корист од можностите за еврофинансирање.