Бугарија: Бизнисот бара воведување на еврото

49

bugarski levovi

Конкурентноста на бугарските претпријатија се влошува, а пристапот до финансии е ограничен поради доцнењето на влезот на Бугарија во евро зоната, велат од Бугарската стопанска комора, пренесува Труд.бг.

Според нив, бугарската економија може да се соочи со потешкотии при остварување раст на долг рок, макроекономска стабилност, како и подобрување на состојбата на пазарот на труд.

Од таму велат дека влезот на Бугарија во монетарната унија на ЕУ ќе ги намали трошоците за финансиски трансакции, ќе се амортизираат системските ризици на банкарскиот сектор, ќе се овозможи општо намалување на каматите за кредитите, како и зголемување на инвестиционата активност и раст на странските инвестиции.

Организацијата на работодавачи на Бугарија апелира до властите да ги забрзаат подготовките за влез на земјата во евро зоната, со цел да се прифати единствената европска валута.