Бугарија: Буџетски пари за приватните училишта и градинки

47

ucilisteБугарските приватни образовни институции, од областа на училишно и предучилишно образование, од училишната 2016/2017 година ќе можат да сметаат на државно суфинансирање, одлучи бугарското Собрание.

Според Законот за училишно и предучилишно образование, приватните училишта и градинките ќе можат да користат државна помош, доколку ја побараат.

Приватните образовни институции коишто ќе користат државни средства, од родителите ќе можат да наплаќаат само за активностите што не се опфатени со финансирањето од државниот буџет.

Вклучувањето на приватните градинки и приватните училишта во системот на државно финансирање се врши по нивно барање.