Бугарија го доби првиот „еднорог“

152

Платформата за плаќање Payhawk стана првиот бугарски еднорог (стартап од милијарда долари).

Во тоа успеа откако во продолжение на Б рунда успеа да собере 100 милиони долари со помош на американската инвестициска  компанија Lightspeed venture partners.

Во овој круг, бугарската финтек компанија собра 215 милиони долари, а вреднувањето на компанијата се удвои од 570 милиони долари на над 1 милијарда долари. Во април 2021 година, Payhawk собра 20 милиони долари во кругот А.

Средствата ќе бидат искористени за ангажирање на 60 високи софтверски инженери и достигнување 300 вработени до крајот на следната година, како и за отворање канцеларии во Париз, Амстердам и Њујорк. Компанијата сега има канцеларии во Софија, Лондон, Берлин и Барселона, пренесува порталот Инвеститор.

Payhawk  е стартап основан во 2018 година кој има развиено софтвер за компании кој служи за управување со трошоци, управување со плати и фактури.