Бугарија годинава со 30% помалку грозје

18

grozje

Реколтата на грозје во Бугарија оваа година во просек ќе биде од 20% до 30% пониска од минатогодишната, предвидува директорот на Институтот за лозарство и винарство во Плевен, доц. Иван Пачев, пишува news.bg.

Според Пачев, онаму каде што лозарите се држеле според правилата, приносот ќе биде добар. Оваа година за лозарите не е толку добра како минатата, но не е и многу тешка, коментира експертот.

Гроздоберот оваа година ќе биде околу две недели подоцна во споредба со минатата година. Очекувањата на Пачев се цените на винските сорти грозје да бидат околу еден лев (31,5 денари) за килограм, малку повисоки од минатогодишните.