Бугарија извезува 80% од произведеното вино

31

vinoБугарија извезува 75% – 80% од целокупното производство на вино. Ова го изјави вински експерт и еден од основачите на Бугарската винска академија, Вили Галабова, најавувајќи го вториот Балкански вински фестивал и натпревар што ќе се одржи во мај.

Според неа, Бугарија минатата година произвела 100 милиони литри вино.

“Канада, Индија и Сингапур се земјите кои покажуваат најголем интерес за виното од регионот на Балканот”, изјави Галина Нифору, основач и директор на Балканскиот вински фестивал и натпревар.

Бугарското вино традиционално најмногу се извезува во Русија, Полска и Чешка. Сега произведувачите се насочени кон САД, Јапонија и Хонг Конг.

На меѓународниот пазар, земјите од Балканот го заземаат петтото место на произведувачи и извозници на вино, по Франција, Италија, Шпанија и САД. Винските експерти се согласни околу идејата дека треба да се промовира виното од регионот на Балканот. Тоа е и целта на Балканскиот вински фестивал, на кој досега за учество се пријавиле 60 визби од регионот, а се очекува да се приклучат уште винарии.