Бугарија ја зголемува минималната плата

67

Минималната плата во Бугарија од први јануари 2021 година ќе биде зголемена за 20 евра, пренесува бугарскиот портал Новините. Така, во иднина, минималецот ќе биде околу 325 евра.

Организациите на работодавачи беа против зголемувањето.

Според овој портал, предложеното зголемување е во согласност со владината програма за следниот период и среднорочните предвидувања на бугарскиот буџет за периодот од 2020 до 2022 година.

Просечната плата во Бугарија во моментов е 665 евра.

Фото: Pixabay