Бугарија ќе ги намалува фосфатите во детергентите

94

HENKEL FRANCEБугарското министерство за животна средина и води ќе го ограничи користењето на фосфати во детергентите и таблетите за машини за миење садови во согласност со европските регулативи. Според европските барања, важно е да се промовира употребата на алтернативни супстанци кои се поповолни за животната средина и не претставуваат ризик за луѓето и природата, пишуваат бугарските медиуми.

Според Регулативата 259/2012 година на ЕУ, пакувањата што се продаваат на масовни корисници мораат да содржат податоци за стандардната доза во грами, милилитри или број на таблети. На пазарот не можат да се пласираат детергенти и прашоци ако вкупната содржина на фосфор е 0,5 грама или повеќе во препорачаното количество детергент. Во таблетите за машинско миење на садови, ограничувањето е 0,3 грама за стандардна доза.

За прекршителите на ограничувањата ќе следуваат парични казни.