Бугарија ќе произведува мини градски електромобил?

17

bg

Бугарија можеби ќе почне со производство на мини градски електромобили, според заменик-претседателот на Асоцијацијата на електромобили, Мартин Заимов.

“Ова е проект финансиран од програмата за иновации на ЕУ. Не само што Бугарија ќе ги произведува, туку ќе има и други партнери. Производството е многу поевтино и многу поедноставно отколку на нормалните автомобили”, вели Заимов, пишува Днес.бг.

Според него, целта на проектот е да се направи мулти платформа, максимално енергетски ефикасна, со максимален квалитет и цврстина.

Од Асоцијацијата додаваат дека електричните автомобили се тивки и не ја загадуваат животната средина.