Бугарија најголем извозник на масло од лаванда во светот

218

lavanda-pixabay

Фото: Pixabay

Бугарија е на прво место во светот по извоз на масло од лаванда, пишува Focus.news.net.

“За маслото од лаванда има голем интерес во многу земји, како што се: Германија, Франција, Белгија, Полска, САД, Бразил, Кувајт и многу други. Многу козметички компании во овие земји го користат маслото од лаванда од Бугарија во своите производи“, вели Зара Клисурова, претседателка на Националната унија на производители на етерични масла.

Според нејзе, Бугарија е на челно место по извоз на ова етерично масло во светот, земајќи го приматот од Франција. Дури 40% од светскиот извоз на масло од лаванда доаѓа од Бугарија.

Минатата година, оваа земја беше најголем извозник на масло од лаванда во Европа. Тамошните проценки покажуваат дека годишното производство на масло од лаванда во Бугарија се движи од 200 до 250 тони, од коешто речиси целата количина е наменета за извоз.