Бугарија од следната година добива 5G мрежа

21

Бугарија планира до средината на следната година да понуди 5G безжична мрежа, соопштуваат тамошните медиуми.

Цените на услугите сè уште не се познати, но бугарското регулаторно тело предложи владата од следната година да одобри попуст од 30 до 50% на износот за надомест за доделување фреквенција за да се поттикне лансирање на 5G мрежата.

Се очекува постапката за доделување на фреквенции да биде отворена во вториот квартал од следната година.

Фото: Pixabay