Бугарија: Продажбата на електрични автомобили порасна за 950%

46

hibriden avtomobil

Продажбата на нови електрични автомобили во Бугарија, купени од официјални увозници, минатата година се зголеми за 950%, покажуваат податоците на Здружението на европски производители на автомобили, пренесува Дневник.бг.

Во земјите членки на Европската унија во текот на 2015 година се купени 146.161 електрични автомобили, што е пораст од 108,8% во однос на 2014 година. Во Холандија се продадени 43.441 хибридни возила, што е пораст од 193,4%, додека во Велика Британија таа бројка е 28.715 или скок од 96,6%, а во Германија лани се продадени 23.481 возила од ваков вид, што е зголемување за 79% во однос на 2014 година.

Податоците покажуваат дека во земјите од евро зоната се продадени 217.261 хибридни автомобили или за 23,1% повеќе во однос на 2014 година. Во истиот период се купени и 218.713 автомобили (намалување за 8,4%) што користат други алтернативни горива, како што се природен гас, течен нафтен гас и метан.

Во овој момент официјалните увозници на бугарскиот пазар нудат седум модели на хибридни автомобили.